Дома Македонски спорт Мак фудбал ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА: Македонија испиша историја, падна големата Германија🎥

ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА: Македонија испиша историја, падна големата Германија🎥

Македонската фудбалска репрезентација го забележа најдобриот резултат во својата историја и ја победи големата Германија во Дуизбург (1:2).

Избраниците на Ангеловски одиграа „докторски“ меч против четирикратниот светски шампион и уште од самиот старт покажаа дека не се дојдени без амбиции.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Македонија одлично го отвори мечот, играше организирано и не и дозволи многу шанси на германската репрезентација, а спорадично се закануваше.

Најпрво во 35-та минута имавме одлична шанса, но со крајни напори одбрани Тер Штеген, а голот за водство стигна во последната минута од полувремето преку капитенот Горан Пандев.

Во вториот дел иако се очекуваше фуриозен настап на домаќините, сепак Македонија делуваше подобро на теренот и комплетно ја неутрализира Германија.

Домаќините дојдоа до израмнување во 60-та минута после еден сомнителен пенал кој го досуди рускиот судија после стартот на Алиоски над Сане. Сигурен реализатор беше Гундоган.

Вп 70-та минута судијата повторно ја оштети Македонија и не досуди чист пенал откако Емре Чан играше со рака во петерецот. Правдата беше задоволена во 82-та минута кога Елмас на асистенција на Адеми постигна гол за 1:2 и голема победа на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…