Дома Фудбал Покетино откако го сруши Манчестер Јунајтед: „Ако сакате кловн, најдете го“

Покетино откако го сруши Манчестер Јунајтед: „Ако сакате кловн, најдете го“

Челзи и Манчестер Јунајтед одиграа вистински трилер меч со седум гола, кој на крај му припадна на „сините“ со конечни 4:3.

Победата беше особено емотивна за менаџерот на домашниот тим, Маурисио Покетино. Аргентинецот играше „како кловн“ покрај аут-линијата. Како да сакаше со своето однесување да им врати на бројните критичари, кои го нарекуваа како „тренер без страст“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За мене не е прикажување на страст кога некој луд човек покрај аут-линијата прави глупости. За мене е страст кога 11 играчи на теренот трчаат, се борат и очајни сакаат да постигнат гол. Тоа е страст кој навивачите на Челзи мора да го видат.

Како менаџер морам да бидам смирен и аналитичен во текот на натпреварот за да се фокусирам на играта. На крајот од натпреварот покажете страст како јас по победата против Јунајтед. Ова не е циркус во кој кловн ве забавува на аут-линијата“, изјави Покетино за новинарите по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА се подготвува да казнува за говорење со покриена уста

Во ФИФА се разгледува можностa во иднина фудбалерите да бидат казнувани за обраќање кон пр…