Томас Милер нема намера да го продолжи договорот со Баерн Минхен и после цели 23 години ќе го напушти клубот.
Милер има договор до 30 јуни 2024 година и тој не планира да замине во пензија, па очигледно на лето ќе направи трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интерес за 34- годишниот фудбалер покажуваат италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус. Наводно тој донел одлука кариерата да ја продолжи во Торино.
Милер е член на Баерн од 2000 година каде до денес освои 32 трофеи. За првиот тим на клубот од Минхен одиграл 680 натпревари и постигнал 237 голови.