Напаѓачот Хоселу го напушти Реал Мадрид и се пресели во редовите на Ал Гарафа.
Шпанецот со клубот од Катар потпиша договор на четири години со опција тој да се продолжи на уште една. Во претходната сезона Хоселу во Реал настапуваше како позајмен играч од Еспањол, а „кралевите“ пред да го продадат во Ал Гарафа го откупија неговиот договор за 1.5 милион евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Реал ме научи многу и благодарен сум, го одржа мојот сон и го оствари. Заминав пред многу години, но никогаш не заминав. Сега заминувам, но всушност останува“, објави Хоселу.
Во првиот мандат Хоселу настапуваше во Реал од 2009 до 2012 година и во тој период постигна десет гола на 34 натпревари. Најмногу се истакна во полуфиналето против Баерн каде што постигна два погодоци.