Таткото на колумбискиот фудбалер Луис Дијаз бил киднапиран од герилската група на Ослободителната национална армија (ЕЛН), соопштија колумбиските власти.
„Денес официјално знаеме дека киднапирањето на таткото на колумбискиот фудбалер Луис Дијаз го извршила единица на ЕЛН, последната герилска група која се уште е активна во Колумбија“, објави колумбиската влада.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Родителите на напаѓачот на Ливерпул Луис Дијаз биле киднапирани од непознати лица во саботата во градот Баранкас, од каде што е 26-годишниот напаѓач. Мајката на Дијаз била спасена, но потрагата по неговиот татко се уште трае.
Колумбиската армија објави дека ја продолжува потрагата со поддршка на „два моторизирани водови, беспилотни летала, контролни пунктови, хеликоптери, авиони со специјализиран радар и повеќе од 120 луѓе“.
Исто така, се наведува дека владата во моментов преговара со ЕЛН барајќи негово „итно ослободување“ и го потсетува ЕЛН „дека нивна одговорност е да го гарантираат неговиот живот“, се вели во изјавата потпишана од Оти Патино, официјален преговарач на владата.