Дома Фудбал Останато Познати тројцата финалисти за „фудбалер на годината“ – го нема Меси!

Познати тројцата финалисти за „фудбалер на годината“ – го нема Меси!

Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах се номинирани од страна на УЕФА за наградата играч на сезоната 2017/18.

Добитникот на ова вредно признание ќе биде познат за време на церемонијата која на 30-ти август годинава ќе се одржи во Монако.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Неодамна листата на потенцијални кандидати беше скратена на 10 играчи, а денес УЕФА ги објави тројцата финалисти.

Модриќ и Салах ќе го напаѓаат тронот на Роналдо кој минатата година ја доби престижната наградата за најдобар фудбалер.

Роналдо беше моторот на Реал Мадрид во освојувањето на третата титула по ред во ЛШ, но Модриќ стигна до финалето на СП, додека Салах беше најдобар играч во Премиер лигата и го однесе Ливерпул до финалето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА размислува за промена на ВАР правилата за Мундијалот

Луѓето кои ја водат ФИФА сакаат да ги намалат грешките во судењето на претстојниот Мундија…