Ајакс и Брајтон синоќа го одиграа натпреварот од четвртото коло од групната фаза во Лига Европа, а на социјалните мрежи се прошири еден детал од стартот на натпреварот.
Камерата го сними црногорскиот судија Никола Дабановиќ како води две момчиња за раце кога излегол на теренот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Еден од нив имаше задача да ја земе топката што ги чекаше на влезот во тревникот. Така и направи, а Дабановиќ го држеше за рака вториот и потоа почна да го влече зад себе за да го заобиколи местото каде што беше топката.
Овој потег на Дабановиќ веднаш стана вирален на социјалните мрежи.
ВИДЕОТО погледнете го ТУКА