Дома Фудбал Англија Погледнете го голот на Варан со кој му ја донесе на Јунајтед првата победа сезонава

Погледнете го голот на Варан со кој му ја донесе на Јунајтед првата победа сезонава

Манчестер Јунајтед со победа од 1:0 против Вулверхемптон пред своите навивачи на Олд Трафорд ја отвори НОВАТА сезона во англиската Премиер лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот француски стопер и поранешен светски шампион Рафаел Варан им донесе три бода на тимот на Ерик тен Хаг.

Спротивно на очекувањата, според кои Јунајтед беше голем фаворит, се играше прилично изедначено, а Варан со глава ја проби одбраната на Волците во 76. минута.

Французинот, нетипичен за својата позиција, налета во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата која му ја сервираше Арон Ван-Бисака.

Погодокот погледнете го ТУКА

Минатата сезона Јунајтед ја заврши како третопласирана екипа на табелата и оваа година сигурно ќе очекува да биде на самиот врв на англискиот премиерлигаш.

Следниот викенд во 2. коло ќе ги одмери силите со Тотенхем во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски е минато за Барселона – Ова се трите спектакуларни кандидати за замена на Полјакот!

Иако Левандовски во изминатите сезони беше еден од најважните играчи на каталонскиот гиган…