Ентузијазмот околу Манчестер Јунајтед значително порасна после доаѓањето на Кристиано Роналдо.




Еминентниот „Екип“ тврди дека тоа го натерало Пол Погба да се премисли и да стави потпис на нов договор со „црвените ѓаволи“.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Имено, Погба сега сериозно размислува да остане на „Олд Трафорд“ и да стави потпис на нов договор.




Французинот влезе во последната година од договорот и до сега ги одби сите понуди од Јунајтед, па се шпекулираше дека сигурно на лето ќе си замине како слободен агент.




Сега Погба се премислил и негов приоритет е останување на „Олд Трафорд“, а Јунајтед му нуди да биде најплатен фудбалер во Премиер лигата.