Французинот беше разочаран од настапот на својата екипа против „карамелите“ што е и очекувано и најавува реакција на тимот веќе во градското дерби против Манчестер Сити.
Играчот за врска на Манчестер Јунајтед Пол Погба порача дека тој и неговите соиграчи не покажале почит кон клубот и навивачите во катастрофалниот настап против Евертон на „Гудисон Парк“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ направија чекор назад во борбата за место кое води во ЛШ, но се уште се во трката за четвртото место и пласманот во Лигата на шампионите.
„Би сакал да знам каде работата тргна во погрешна насока. Изгледавме како целосно друг тим. Тоа не е добро за Манчестер Јунајтед, клупската историја и навивачите. Ништо што направивме не беше добро. Поразот не е нешто што ни беше потребно за четвртото место. Да не биде дека не го почитувам Евертон, но начинот на кој игравме е непочитување. Не се почитувавме самите себе, клубот и навивачите“, изјави Погба.
Се би можело да биде брзо заборавено ако во среда слават во дербито на Манчестер.
„Најважно е да го промениме менталитетот на теренот. Не можеме да останеме во минатото со старите главоболки. Морате да размислувате за следниот натпревар, да играте и работите подобро. Во соблекувалната после натпреварот ги оставивме да зборуваат тренерите и стручниот штаб. И тие ни кажаа дека таквата игра на теренот прво е непочитување на себеси. Она што го одигравме не беше чесно кон соиграчите, стручниот штаб, луѓето во клубот, навивачите – кон сите. Поради нивната работа, тие ги оставаат своите животи за овој тим и клуб. Не им возвративме онака како што требеше поради тоа сме лути на себе“, порача Погба.