Дома Фудбал Англија Повредата на Агуеро посериозна од очекуваното – Еве колку ќе паузира Аргентинецот

Повредата на Агуеро посериозна од очекуваното – Еве колку ќе паузира Аргентинецот

Лекарот на аргентинската фудбалска репрезентација, Донато Вилани соопшти дека Серхио Агуеро од терените ќе отсуствува шест недели.

Напаѓачот на Манчестер Сити минатата недела доживеа сообраќајна несреќа враќајќи се со такси по еден коценрт во Амстердам, а повредата која ја заработи во несреќата е посериозна отколку што беше најавувано.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Агуеро во моментов не е во можност да се движи или да влезе во автомобил, во што се увери и лекарот на аргентинската репрезентација Донато Вилани, кој соопшти дека закрепнувањето на искусниот напаѓач ќе трае вкупно шест недели.

„Агуеро е лошо расположен, бидејќи сака да и помогне на Аргентина во клучниот натпревар во квалификациите за Светското првенство“, изјави Вилани.

Во сообраќајна несреќа Агуеро заработи фрактура на две ребра, а голема е веројатноста дека би бил и многу потешко повреден да не бил врзан со појсаот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата се повторува – ѕвездата на Дортмунд се сели во Баерн

Баерн Минхен бара нов централен дефанзивец, а главна цел на баварците е Нико Шлотербек од …