Дома Фудбал Италија Повеќе нема дилеми: Ибра става потпис на нов договор

Повеќе нема дилеми: Ибра става потпис на нов договор

Милан и Златан Ибрахимовиќ постигнаа конечен договор за продолжување на соработката, потврдија италијанските медиуми.

39-годишниот напаѓач ќе остане во Милан уште една сезона, а неговата плата останува иста, 7 милиони евра.

Договорот на Ибра со Милан завршува во јуни, но приоритет на клубот беше да го задржи и следната сезона, иако Ибра наскоро ќе наполни 40 години.

Ибрахимовиќ покажа дека е исклучително важен за Милан, а дека игра во одлична форма покажува и фактот што после пет години се врати во шведската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кјеза се врати на теренот во поразот на Ливерпул од Манчестер Сити

Федерико Кјеза ги одигра првите минути во сезоната 2026-27 за Ливерпул, влегувајќи како за…