Aктуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија денес од 14:00 часот ќе гостува во Велес каде што ќе се сретне против Борец во рамките од 20. коло во првата македонска фудбалска лига.
Шкендија по минатото коло стигна до втората позиција откако Академија Пандев беше поразена од Шкупи. Сепак лидерот на табелата, Шкупи има осум бода повеќе од тетовци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да биде лесно против Борец, но фоксуирани сме и во Велес одиме по нова победа. Добро знаеме дека не чека тежок натпревар, но ние сме подготвени за овој предизавик. Атмосферата по победата во минатото коло против Струга ТЛ е позитивна и сите сме спремни да го дадеме максимумот. Сезонава во Тетово го победивме Борец со 3:0 и се надевам дека и сега како гости ќе славиме победа“, изјави фудбалерот на Шкендија, Аденис Шала.
Додека Шкендија е во врвот Борец до крајот на сезоната го чека борба за опстанок во првата лига, во овој момент велешани се претпоследни на табелата со 13 бода, пред нив е Тиквеш со два бода повеќе. Убедливо последен е Пелистер со само пет освоени бодови.
Фото: ФК Шкендија