Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Попзлатов херој во Ѓорче против Брера

ПМФЛ: Попзлатов херој во Ѓорче против Брера

Екипата на Македонија Ѓорче Петров брзо го заборави поразот од Шкендија и им се врати на победите во ПМФЛ. Денес „лавовите“ беа подобри од Брера со 1:0.

Од почетокот на натпреварот домаќините имаа повеќе од играта, меѓутоа посериозни прилики немаше. Како што одминуваше времето од првото полувреме, Брера се консолидираше и го затвори приодите кон својот гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, шансите изостануваа. Струмичани не успеаа да се одбранат пред самиот крај на првото полувреме. Велчиковски по една контра излезе „еден на еден“ со голманот Алчевски кој го одбрани неговиот удар, но одбиената топка дојде до Јован Попзлатанов кој реализираше за водство.

Во второто полувреме мрежите мируваа, па бодовите останаа во Ѓорче. Останатите средби од ова коло во ПМФЛ се играат утре. Со оваа победа Македонија ЃП барем до утре, кога ќе се комплетира колото, ќе биде на седмата позиција со 11 бода, Брера остана четврта со 14 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…