Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ.

Екипата на Шкупи со голем пресврт и гол во седмата минута од судиското продолжение успеа да слави над Тивкеш со 3:2 и така ја задржа лидерската позиција.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Чаирскиот тим се намачи да дојде до трите бода бидејќи гостите од Кавадарци прикажаа одлична игра и направија пресврт, но на крајот сепак попуштија. Херој на чаирскиот тим беше Дуду кој го постигна голот во продолжението. Претходно Аворно во 86. минута изедначи на 2:2. Воша во 39. минута стрелаше за водсво на Шкупи, а Тиквеш до 2:1 дојде со двата гола на Спахиу во 53. и 82. минута.

Со пресврт и тоа од 0:2 до 3:2 денес победи и Силекс против актуелниот шампион Струга Три Лум. Шкендија во својот натпревар денеска лесно го совлада Гостивар со 4:1 и така го искористи киксот на Струга, а ќе тетовчани ќе беа најголеми победници во 29. коло ако „кикснеше“ и Шкупи против Тиквеш.

Вардар влезе во црна серија и го претрпе својот трет пораз во низа. Денеска Брера беше подобра од црвено-црните со 0:2, а двата гола за струмичкиот тим беа дело на екс-вардаровиот играч Матеј Цветановски.

Во последниот натпревар Работнички и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 1:1.

ТАБЕЛА: Струга 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…