Како што пренесуваат италијанските медиуми екипата на Јувентус е спремна да се откаже од услугите на напаѓачот Марио Манџукиќ со цел да стигне до потписот на големо засилување во средниот ред.
Покрај Манџукиќ, жртвуван би можел да биде и Бразилецот, Алекс Сандро, само за – Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тутоспорт“ и „Кориере дело Спорт“ пренесува дека тренерот Масимилијано Алегри го известил клупското раководство дека Сергеј е негова голема желба и дека е спремен да се откаже од Сандро и Манџукиќ.
Во Јувентус Сандро го проценуваат на околу 50 милиони евра, за Манџукиќ постои голем интерес од Англија, Германија и Кина и од нивните трансфери „старата дама“ очекува да заработи помеѓу 80 и 100 милиони евра.
Лацио би можел да го пушти Савиќ за сума од 100 милиони евра, но Лотито е познат како тврд преговарач, посебно тоа би важело во преговорите со Јувентус (Лотито и Марота, спортскиот директор не се во добри односи).
Очигледно Алегри сака „ремонт“ на средината, а едно засилување веќе е обезбедено. Во Торино пристигнува Емре Чан од Ливерпул.
Единствената шанса Лацио да го задржеше Савиќ веројатно ја пропушти во последниот натпревар против Интер кога забележа пораз и го изгуби местото кое води во Лигата на шампионите.
Треба да се спомене и дека Савиќ претходно интерес покажаа Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челзи и Пари Сен Жермен.