Aндреа Пирло се враќа во Италија каде што пронашол нов ангажман.
Италијанската фудбалска легенда се договорила за својата трета тренерска работа во кариерата по водењето на Јувентус и турски Карагумрук. Според најавите, Пирло ќе биде нов тренер на Сампдорија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тутоспорт“ пренесува дека Пирло потпишал двегодишен договор со можност за продолжување на дополнителна сезона.
Сампдорија кон крајот на минатата сезона под водство на Дејан Станковиќ заврши како последна во италијанското првенство и испадна во Серија Б. Пирло отказот во Турција го доби пред крајот на сезоната, десетина дена по поразот од Трабзонспор на Енис Барди.
Вкупно турскиот клуб го водеше на 31 натпревар и во нив имаше учинок од 9 победи, 11 нерешени натпревари и исто толку порази.