Дома Фудбал Италија Пирло: Жал ми е за Гатузо, но јас си имам свои проблеми

Пирло: Жал ми е за Гатузо, но јас си имам свои проблеми

Јувентус утре гостува кај Наполи, натпревар кој може да биде последен на клупата за тренерот на „наполитанците“, Џенаро Гатузо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова исто така ќе биде дуел и на многу добри пријатели, Пирло и Гатузо, па тоа беше главна тема на пресконференцијата.

„Жал ми е за ситуацијата во која се наоѓа Гатузо, но тоа е дел од работата. Јас имам свои проблеми и морам да мислам на нив“, кратко изјави Пирло.

Пирло истакна дека доаѓа во Наполи по трите бода, бидејќи тврди дека за освојувње на титулата ќе бидат потребни повеќе од 80 бода.

„И оваа сезона за Скудетото ќе бидат потребни повеќе од 80 бода. Во лигата има многу силни противници и нашата цел утре се трите бода“, заклучи Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголемиот навивач на Лео Меси има 100 години! Бабата ја освои публиката на Светското првенство /ФОТО/

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, продолжува да испишува историја на Светс…