Дома Фудбал Италија Пиоли го победи коронавирусот: Не можев да дочекам да се вратам

Пиоли го победи коронавирусот: Не можев да дочекам да се вратам

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го победи коронавирусот и се врати на тренинзите на тимот.

Пиоли утре ќе го води Милан од клупата против Селтик во Лига Европа и истакна дека му недостасувала работата со тимот.

„Многу ми недостасуваше работата, ова беа долги 18 дена. Синоќа кога разбрав за негативниот тест не можев да заспијам од возбуда. Треба да му заблагодарам на клубот што ги обезбеди сите технологии за да можам да бидат со тимот од далеку. Овој тим уште еднаш ме направи горд“, изјави Пиоли.

„Среќен сум бидејќи имав симптоми, но лесно ја поминав болеста. Комуницирав со играчите постојано, но тоа не е исто. Многу ми недостигаше работата во Миланело“, додаде тренерот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Снимка од друг агол: Дали Меси беше престрого исклучен? 🎥

После 753 натпревари Меси вчера го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона. Меси п…