Дома Фудбал Останато Пикси: Тешко на фудбалот ако ги следиме Американците

Пикси: Тешко на фудбалот ако ги следиме Американците

Долго време се шпекулираше за формирање на европска Суперлига, а од неделата таквите најави станаа реалност.

12 европски гиганти објавија дека формираат Суперлига во која приходите ќе бидат многу поголеми од сегашните европски натпреварување. Следуваа критики од фудбалската јавност, најголем дел од фудбалерите и тренерите не го сакаат ова натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега се огласи и Драган Стојковиќ Пикси кој неодамна седна на селекторското столче на Србија.

„Според мене ова не е добро, не сакам да искористам некој грд збор, но ова е еден вид на злосторство кон сите што го сакаат фудбалот. Колку што сум информиран таму влегуваат американските пари. Ако Американците ги прашате за фудбал тие ќе ви кажат дека тоа се вика „сокер“, е сега ако тоа е иднината, тешко на фудбалот…Идејата не ја поддржувам“.

Следуваа директни критики од Пикси кон клубовите.

„Дали тие госопда го измислиле фудбалот па да си го присвојат. Фудбалот е за целиот свет, не за 12 клуба“, јасно порача Пикси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…