Дома Топ вести Пике откри каде ќе настапува Нејмар следната сезона! (Фото)

Пике откри каде ќе настапува Нејмар следната сезона! (Фото)

Изгледа дека дефанзивецот на Барселона и шпанската репрезентација го даде одговорот на прашањето дали Нејмар ќе ја напушти Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главна тема овие денови во фудбалската јавноста е иднината на бразилскиот репрезентативец од редовите на Барселона, Нејмар. ПСЖ наводно е спремен да плати 222 милиони евра и да ја активира клазулата, а Барселона во тој случај не би можела ништо да направи.

Медиумите пренесуваат дека таткото на Нејмар го убедувал својот син да го напушти „Камп Ноу“ и да се пресели во редовите на ПСЖ, каде без сомневање би бил прва ѕвезда, но Пике на социјалната мрежа Твитер напиша нешто што би требало да значи дека Бразилецот нема да ја промени средината.

Нејмар во натпреварот против Јувентус кој се одигра пред неколку дена во Њу Џерси постигна два погодоци, а ако можеме да му веруваме на Пике тој останува во Каталонија.

Пике постави фотографија со Нејмар под која напиша „Останува“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ќе се одложи почетокот на финалето на Светското првенство? Ова би бил сериозен удар за ФИФА

Најдолгото Светско првенство во историјата влегува во самиот финиш. Останаа само уште три …