Крилниот фудбалер на репрезентацијата на Хрватска, Иван Перишиќ се најде во незгодна ситуација пред финалето на Мундијалот, но сепак успеа да се извлече на многу добар начин.
Имено, тој оваа сабота требаше да биде кум на венчавката на својот пријател, Фране Јурчевиќ, но со оглед на тоа што Хрватска се пласираше во финалето на Мундијалот, свадбата е сепак презакажана, а Перишиќ го повика својот пријател во живо да го следи натпреварот.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Поради новата ситуација, Јурчевиќ одлучи да ја презакаже свадбата за четврток за да може да присуствува и Перишиќ и за да може секој на мира да го гледа големото финале.
На сето додаваме дека Хрватска и Франција ќе го одиграат големото финале на „Лужники“ во недела од 17:00 часот.