Дома Топ вести Перез се обезбедил: Во договорот на Солари има посебна клазула!

Перез се обезбедил: Во договорот на Солари има посебна клазула!

Реал Мадрид му даде договор на Солари до 2021, но во неговиот договор е вметната и клазула која го заштитува Перез и Реал ништо не ризикува.

Солари стави потпис на договор до 2021, но тоа не го менува многу неговиот статус, освен што сега е сигурен дека клубот му верува. Ако нема разултати сигурно ќе биде нов тренер, а Аргентинецот би бил вратен во младинскиот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, во договорот на Солари има клазула според која нема да биде исплатен во целост, доколку биде сменет пред завршувањето на сезоната што значи дека Реал не губи ништо.

Што треба да направи за да ја задржи работата?

Анализата на шпанските медиуми покажува дека првото што мора е да го намали бројот на повреди. Проблеми имаат Модриќ и Варан. За таа цел вратен е Антонио Питус кондициониот тренер кој работеше со Зидан, додека грижа за повредените ќе води Хавиер Мајло.

Паузата не значи премногу за Солари со оглед на тоа дека поголемиот број играчи на Реал имаат обврски кон репрезентацијата.

После паузата Реал му гостува на Еибар, па во Рома во Лигата на шампионите, потоа следат домашни натпревари против Валенсија во Ла Лига и Мелија во купот. Според имињата на противниците распоредот не е премногу тежок, па Солари би можел да ја продолжи серијата.

Во тие натпревари би требало да го врати Бејл на потребното ниво и да ја зголеми ефикасноста, ќе се врати Марсело иако Регулион е вистинско откритие.

Како и да е ова значи дека Солари ќе има време да наметне свој стил и да го врати Реал на победничките патеки, а навивачите се надеваат дека може да го повтори успехот на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…