Дома Фудбал Англија Перез прави „харакири“ трансфер: На Ливерпул му продава играч кој е „срцето и душата“ на тимот

Перез прави „харакири“ трансфер: На Ливерпул му продава играч кој е „срцето и душата“ на тимот

Во изненадувачки пресврт на настаните, шпанскиот весник „Ел Национал“ објави дека Реал Мадрид е подготвен да прифати огромни 90 милиони евра од Ливерпул за играчот од средниот ред Федерико Валверде.

Уругваецот, кој се наметна како составен дел од мадридскиот тим, во последните сезони го привлече вниманието на неколку врвни клубови по низата импресивни настапи за Лос Бланкос.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Со своите одлични игри некако стана „срцето и душата“ на тимот и омилен лик во соблекувалната и на тренерот Карло Анчелоти и на претседателот Флорентино Перез.

Валверде е одликуван со „ДНК“ на Реал од неговото пристигнување на „Сантијаго Беранбеу“, а многумина овој 24-годишник го гледаа како иден капитен на гигантите од шпанската престолнина.

Разновидноста на Валверде, техничките вештини и тактичката дисциплина импресионираа многумина, правејќи го играч кој секој тренер сака да го има во својот тим.

Ливерпул, се чини дека сака да ги зајакне своите опции за средниот ред и за тоа го гледа Валверде како идеално решение.

„Ел Национал“ тврди дека „кралевите“ им ја отвориле вратата на „црвените“ и се подготвени да го продадат Уругваецот за 90 милиони евра, цифра што англискиот тим секако може да си ја дозволи.

Евентуалната продажба на Валверде може да се смета за еден вид „харакири“ трансфер бидејќи тој е еден од клучните играчи на тимот.

Реал Мадрид минатата сезона го загуби Карим Бензема, додека на голем број играчи им беа раскинати договорите, како Еден Азар, а тимот го напушти и Марко Асенсио.

„Кралевите“ досега ги доведоа Џуд Белингем, Фран Гарсија и Хосеул, додека го вратија Хоселу од позајмица и обезбедија останување на Лука Модриќ и Тони Крос на уште една година.

Без разлика на големиот број на пристигнувања, сепак ростерот на тимот изгледа не е доволно исполнет, па заминувањето на Валверде би било големо изненадување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…