Хрватскиот играч за врска, Лука Модриќ се врати во тимот на Реал Мадрид после одморот од Мундијалот во Русија на кој беше прогласен за најдобар играч.
Сепак, не е јасно дали хрватскиот „магионичар“ и наредната сезона ќе настапува на „Бернабеу“, Хрватот на големо се поврзува со трансфер во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера Модриќ се појави на тренинготно истиот го заврши еден час порано. Причината за тоа бил најавениот состанок за неговата иднина. Но, работите не поминале онака како што очекувал Хрватот, имено на состанокот не присуствувал лично Флорентино Перез, првиот човек на „кралевите“ наводно испратил негова замена.
Од друга страна пак, познато е дека Интер веќе е спремен да преговара, познат е и човекот кој ќе работи на овој трансфер, а тоа Џузепе Рисо.
Ќе потсетиме, Интер на Модриќ му нуди договор на шест години со плата од 10 милиони евра по сезоната, се појавија и информации дека последните две години од договорот ќе ги помине во Кина.
Како и да е до крајот на преодниот рок има уште нешто помалку од еден месец, па набрзо би требало да добие разврска на целата ситуација.