Дома Фудбал Перез: Зошто ни е Халанд? Секако ќе беше резерва

Перез: Зошто ни е Халанд? Секако ќе беше резерва

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објасни зошто „кралевите“ не се обидоа да го доведат Ерлинг Халанд ова лето.

Халанд ова лето се пресели во Манчестер Сити, а Реал, кој го чекаше Килијан Мбапе, остана без нов офанзивен играч.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Немаше никаква врска меѓу можниот трансфер на Мбапе и оној на Халанд. Веќе го имаме Карим Бензема, кој е најдобриот напаѓач во светот. Немаше смисла да земеме извонреден играч како Ерлинг и да го ставиме на клупата“, изјави Перез.

Бензема има 34 години, но неговите последни две сезони беа можеби најсилните во неговата кариера.

„Заменик на Карим ќе се појави еден ден, но не да биде резерва“, заклучи Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хамес Родригез примен во болница во загрижувачка состојба

Хамес Родригез е примен и задржан во болница поради тешка дехидратација која бараше стручн…