Дома Останати Пекинг: Надал во финалето, Шпанецот ќе „брка“ шеста титула!

Пекинг: Надал во финалето, Шпанецот ќе „брка“ шеста титула!

Димитров освои еден сет, повеќе од тоа против најдобриот тенисер во светот едноставно не можеше.

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше во финалето на турнирот во Пекинк откако го совлада осминиот тенисер во светот, Григор Димитров после три сета 6:3, 4:6 и 6:1.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мечот помеѓу Надал и Димитров траеше два часа и 17 минути. Благодарение на брејкот во четвртиот гејм Надал поведе, Димитров успеа да возврати во вториот сет во кој два пати направи брејк.

Третиот сет во целост му припадна на Шпанецот, а Димитров успеа да освои само еден гејм, па така Рафа се пласираше во финалето.

Надал во финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Ник Кирјос и Александар Зварев. Во финалето Надал ќе се обиде да стигне до шестата титула на овој турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…