Дома Фудбал Останато Паредес тврди: Нејмар ќе остане во ПСЖ!

Паредес тврди: Нејмар ќе остане во ПСЖ!

Фудбалерот на ПСЖ, Леандро Паредес смета дека sвездата на тимот, Нејмар ќе остане Париз и по затворањето на летниот трансфер прозорец.

Аргентинецот, исто така, зборуваше многу позитивно за неговиот тимски колега Марко Верати, идентификувајќи го како најдобар играч од средниот ред на светот.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


„Разговараме многу и тој ми се јавува цело време. Јас знам дека ќе остане со нас“, сигурен е Паредес.

На прашањето кој е најдобриот играч од средниот ред на светот, Аргентинецот одговори:

„Мислам дека тоа е Верати. Невозможно е да се одземе топката од него и тој е многу агресивен“.

И покрај многуте успеси на ПСЖ во лигата, Лигата на шампионите сепак останува желба за тимот од француската престолнина.

„Мислам дека го менуваме менталитетот на клубот. Различно е за Лигата на шампионите и првенството. Во Европа не можете да одморите ниту една секунда, додека нивото во Лига 1 понекогаш дозволува тоа да се случи“, истакна Паредес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем доведе 18-годишeн играч за 47 милиони евра

Англискиот фудбалер Арчи Греј е нов член на Тотенхем, објавено е на веб-страницата на Прем…