Дома Фудбал Англија Паника на Прајд Парк: Евакуиран стадионот

Паника на Прајд Парк: Евакуиран стадионот

Дерби и Кардиф вечерва ќе го одиграат натпреварот од 7. коло во англиски Чемпионшип.

Натпреварот е закажан за 20:45 часот и нема да биде одложен, но негде околу 20 часот изби паника.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според информациите од Дерби, гостинските навивачи кои пристигнале на Прајд Парк биле евакуирани и морале да ја напуштат својата трибина.

Наводно избил мал оган, поради што бил вклучен и системот за предупредување, а тоа предизвикало паника на стадионот и гостинските навивачи морале да ја напуштат трибината.

Сепак, за брзо проблемот бил надминат и навивачите се вратиле на трибината за да го бодрат својот тим во ова тешко гостување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…