Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ги кажа своите желби на професионален план во 2021 година.
Пандев кој ќе наполни 38 години сака најпрво да обезбеди опстанок со Џенова, а потоа да се пензионира со настап на Европско првенство во дресот на Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во 2021 година ќе наполнам 38 години и навистина верувам дека ова е мојата последна сезона во кариерата. Прво со Џенова да обезбедиме опстанок, па со Македонија да си го остварам сонот да играм на Европско првенство и потоа одам во пензија“, истакна Пандев.
„Но, останувам во Џенова. Тука играв најдолго, моите деца решија да живееме тука и јас се чувствувам како џеновјанин“, додаде македонскиот капитен.