Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пандев: Ова беше прв натпревар и големо искуство, жалам за навивачите

Пандев: Ова беше прв натпревар и големо искуство, жалам за навивачите

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Maкедонија денес го одигра првиот дуел против Австрија во кој не разочаравме, но на крајот сепак изгубивме со 3:1.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


По натпреварот зборуваше капитенот Горан Пандев.

„Ова беше прв натпревар и големо искуство за нас. Очекувавме да притиснат во вториот дел, го искористија тој елемент во кој се помоќни од нас. Имаат силна клупа и физички се посилни, па тоа пресуди на крајот. На 1:1 имавме свои шанси, но не ги искористивме“.

Да се одмориме и да се подготвиме за Украина.

„Не чека еден тежок натпревар во кој треба да влеземе максимално. Жалам за навивачите кои дојдоа во Букурешт, благодарен сум што се тука и што навиваа за нас. Се надеваме дека вториот натпревар ќе биде подобар за сите.

Натпреварот против Украина го играме во четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Томас Милер сака на уникатен начин да се збогува со навивачите на Баерн

Легендарниот играч на Баерн Минхен, Томас Милер, по 25 години преданост кон баварскиот клу…