Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев и Барди може да го стават Ангеловски на дополнителни маки

Пандев и Барди може да го стават Ангеловски на дополнителни маки

Репрезентацијата на Македонија утре од 20:45 часот ќе го игра натпреварот на „Ернест Хапел“ во Виена против домаќинот Австрија.

Шансите за директен пласман на Европското првенство преку квалификациите се само теорија, реално никој не верува дека Австрија која покажа најмногу во нашата група нема да освои бодови во последните два натпревари. Дури и ние утре да ја победиме Австрија на Австријците во следното коло ќе им биде доволен и бод против аутсајдерот Летонија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австрија е фаворит утре, а дополнителен проблем е што селекторот Игор Ангеловски не можеше да смета на неколкумина повредени и суспендирани фудбалери. На списокот повредени се: Арјан Адеми, Егзон Бејтулаи, Езгјан Алиоски и Иван Тричковски, додека суспендирани се: Бобан Николов, Илија Несторовски и Висар Муслиу.

Ако сакаме до крај да бидеме во игра за третото место утре внимантелни ќе мораат да бидат капитенот Горан Пандев и Енис Барди. Имено двајцата се под закана на суспензија ако добијат жолт картон. Добро знаеме какво значење за нас имаат и Пандев и Барди, па затоа двајцата утре ќе мора да одиграат смирено. Во средината Ангеловски ќе се соочи со навистина голем проблем доколку после Адеми за Израел остане и без Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…