Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова поставија нови државни рекорди во уличните трки на 10 километри.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ивановски на „Скопје Ран 10К“ што се одржа претпладнево оствари време од 31:07 минути, а второто и третото место во машка конкуренција ги освоија Милош Ранчиќ (33:44 минути) и Атанас Анчевски (33:49 минути).
Во женска конкуренција прва беше Теодора Симовиќ од Србија (34:59), втора Андријана Поп Арсова (37:02) и трета Билјана Кираџиева (37:59).
Околу 2.000 тркачи учествуваа на трката по булевар Илинден во Скопје. Во рамки на трката беше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух со која од продадените маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Скопје трча 10 км и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.
Фото: Макфакс