Како што беше најавено, српскиот репрезентативец Адем Љаиќ денес и официјално го комплетираше трансферот во Бешикташ.
Љаиќ беше во немилост на тренерот на Торино, Валтер Мацари па сакаше по секоја цена да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот репрезентативец се одлучи кариерата да ја продолжи во Турција каде денес потпиша со гигантот од Истанбул, Бешикташ.
Љаиќ цели 8 години играше во Серија А за Фиорентина, Рома, Интер и Торино, а кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ.
Beşiktaş’a Hoş Geldin Adem Ljajic…
Futbol Takımımız, Torino’dan orta saha oyuncusu Adem Ljajic’i kadrosuna kattı. #Beşiktaş ?⚫⚪ pic.twitter.com/CeQiy4SkGy— Beşiktaş JK (@Besiktas) August 31, 2018