Дома Фудбал Италија Официјално: Јувентус го „блиндираше“ својот талент

Официјално: Јувентус го „блиндираше“ својот талент

Јувентус денес потврди дека младиот талент, Самуел Илинг ставил потпис на нов договор со 2025 година.

19-годишниот Англичанец игра за младинците, а Алегри се одличи да му даде шанса и за првиот тим оваа сезона, а дебитираше и во Лигата на шампиони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Игра на позиција лево крило, а на своето деби запиша две асистенции и веднаш покажа дека е голем потенцијал.

Тој е продукт на школата на Челзи и во Јувентус пристигна во 2020 година, а англиските клубови го следаа и сакаа да го донесат во своите редови.

Договорот на Илинг истекуваше на крајот на сезоната, па „бјанконерите“ брзаа да ја продолжат соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола одлучи: Родри може да замине, а наместо него доаѓа „ѕвер“ вреден 100 милиони евра

На сите им е јасно дека Родри наскоро ќе го напушти Етихад, а како стојат работите кариера…