Гол сензацијата од Салцбург, Ерлинг Халанд се поврзуваше со многу европски гиганти, а денес и официјално стави крај на сагата околу неговиот трансфер.
19-годишниот Норвежанец денес официјално се пресели во Борусија Дортмунд и потпиша договор до 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Халанд во својот договор имаше откупна клаузула од 25 милиони евра, која многу клубови беа спремни да ја платат, но тој избра да се пресели во Борусија Дортмунд.
Покрај трансферната сума, наводно „милионерите“ ќе платат и додатни 12 милиони евра како премија за играчот и неговиот агент при самиот потпис.
Нема сомнеж дека ова за „милионерите“ ќе биде големо засилување за тимот со оглед на фактот дека Халанд оваа сезона постигна 28 гола на 22 меча.
? Wer schreibt denn hier schon seine Wünsche für 2020 auf? pic.twitter.com/6rhGmVlMhs
— Borussia Dortmund (@BVB) December 29, 2019