Дома Фудбал Англија Официјално: Стивен Џерард доби отказ – Астон Вила носи големо тренерско име?

Официјално: Стивен Џерард доби отказ – Астон Вила носи големо тренерско име?

Стивен Џерард и официјално доби отказ во Астон Вила после поразот од Фулам. Клубот доцна вечерта го потврди отказот со кратко соопштение.

Астон Вила влезе во лоша серија и се блиску до зоната за испаѓање, освен ветувачкиот старт Џерард не покажа дека е достоен за клупата на Вила. Во 2022 година со тимот освојуваше во просек поен по натпревар и тоа не беше доволно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Изминатото лето Вила потроши околу 60 милиони евра на засилување, а се шпекулира дека нема да жалат пари и за доведување на ново големо тренерско име на клупата. Прва желба е Покетино, покрај него тука е Тухел.

Англичаните пишуваат дека новиот тренер на Астон Вила ќе биде еден од најплатените во светот и така сакаат да привлечат големо име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси не штеди за фудбалер на Барселона: Подготвени се да платат 58 милиони евра и да го направат еден од најплатените!

Челси е подготвен да понуди 58 милиони евра за играчот од средниот ред на Барселона Фермин…