Манчестер Јунајтед и официјално го потврди трансферот на Кристиано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако се споменуваше Манчестер Сити како можна дестинација за Португалецот, сепак Роналдо се врати на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ во последен момент се вклучија во трката за неговиот потпис, а Алекс Фергусон одиграл клучна улога за неговото враќање на Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед сега потврди дека Роналдо ставил потпис на договор до 2023 година, а за неговиот потпис плати 15 милиони евра плус 8 милиони како бонуси.
Роналдо моментално е во Лисабон каде ги минал лекарските прегледи, а во Манчестер ќе заработува 270.000 финти неделно.
Welcome 𝗵𝗼𝗺𝗲, @Cristiano 🔴#MUFC | #Ronaldo
— Manchester United (@ManUtd) August 27, 2021