Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Стефан Лихштајнер е нов играч на Арсенал.
Швајцарскиот репрезентативец после седум години го напушти Јувентус и како слободен играч се пресели на „Емирати“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лихштајнер ќе биде прво засилување во ерата на Унаи Емери, откако денес потпиша едногодишен договор со опција на уште една сезона.
34-годишниот десен бек сигурно ќе го донесе потребното искуство во одбраната на „топџиите“, а за место во тимот ќе е бори со Хектор Белерин.
? DEAL DONE: Arsenal have completed the signing of Stephan Lichtsteiner on a free transfer from Juventus. (Source: @Arsenal) pic.twitter.com/LgMGAQsOZs
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 5, 2018