Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Игор Ангеловски го продолжи договорот со репрезентацијата

Официјално: Игор Ангеловски го продолжи договорот со репрезентацијата

Денес ФФМ продолжи дека селекторот Игор Ангеловски го продолжил договорот со репрезентацијата до 2020 година.

Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и селекторот Игор Ангеловски ги договорија условите за продолжување на сениорскиот тим на репрезентацијата.

Досегашниот договор на Ангеловски важеше до ноември оваа година, но сега тој е продолжен до декември 2020 година.

„Благодарност до претседателот Сејдини и до Управниот одбор за довербата. На сите можам да им ветам дека и во иднина ќе го давам својот максимум со цел репрезентацијата да напредува, како што доликува на квалитетот на фудбалерите кои ги имаме во своите редови. За мене репрезентацијата е многу повеќе од селекторско место. Нема ништо посвето од тоа да го водиш националниот тим, а уште повеќе кога работиш со вакви фудбалери и соработници. Задоволен сум од она што го постигнавме во изминатиот период, но секогаш се стремиме кон подобро. Следните предизвици ќе бидат уште потешки, но верувам во себе и во квалитетите на фудбалерите. Тие се најзаслужните за резултатите и се надевам дека заеднички на крајот ќе ја оствариме толку посакуваната цел и ќе славиме пласман на големо натпреварување“, изјави Ангеловски.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар пред Шкендија ги повикува навивачите: Дојдете на стадион!

Утре Вардар од 13:00 часот ќе го игра 60. дерби со Шкендија во кое влегува со обезбедена е…