Дома Останати Кошарка Официјално: Димитријевиќ си замина од Хувентуд

Официјално: Димитријевиќ си замина од Хувентуд

Ненанд Димитријевиќ и официјално си замина од Хувентуд.

Како и што се најави пред почетокот на сезоната, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ после пет години ќе си замине од Хувентуд, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Валенсија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Валенсија официјално го промовираше македонскиот кошаркар како прво засилување. Димитријевиќ договор со Валенсија потпиша на пет години.

Во новата сезона амбициите на Валенсија ќе бидат шампионски и титулата во Европкупот, натпреварување каде што овој клуб има четири трофеи.

Димитријевиќ во изминатата сезона имаше учинок од 10.6 поени, 3.6 асистенци и 1.5 скокови по натпревар во шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шредер се обиде да го удри Дончиќ, веднаш му е изречена суспензија

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Денис Шредер, е суспендиран на три натпревари поради конфл…