Дома Фудбал Официјално: Гризман го продолжи договорот со Атлетико!

Официјално: Гризман го продолжи договорот со Атлетико!

Сагата околу иднината на Антоан Гризман конечно е завршена. Напаѓачот денес ја потврди верноста кон „јорганџиите“ и го продолжи договорот до 2022 година.

Иако се очекуваше Гризман ова лето да заврши во Манчестер Јунајтед, Французинот поради казната која ја има Атлетико Мадрид одби да го напушти клубот, а денес потпиша нов договор.


Неговиот актуелен договор истекуваше во 2021 година, а Гризман денес потпиша финансиски подобар договор со траење до 2022 година, но откупната клаузула и понатаму останува 100 милиони евра.

Гризман во Атлетико Мадрид пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад. За „јорганџиите“ запиша 111 настапи и постигана 60 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо го засилува нападот на Фенербахче со српски напаѓач!?

Јувентус одлучи да го продаде откако Влаховиќ не се согласи да го продолжи договорот што м…