Дома Фудбал Останато Официјално: Варан ја заврши кариерата!

Официјално: Варан ја заврши кариерата!

Како и што се најавуваше Рафаел Варан објави крај на кариерата како фудбалер, а во иднина ќе остане дел од Комо, но се уште не откри во каква улога.

Летово Варан од Манчестер Јунајтед се пресели во Комо, но епизодата во италијанскиот тим кратко траеше бидејќи уште пред да почне првенството се повреди во натпревар од купот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поради повредата требаше да паузира подолго време и Комо не го пријави за настап во првенството. Утрово потврди дека неговата играчка кариера завршува.

„Се држев до највисоки стандарди и сакам да заминам на високо ниво. Потребна е огромна храброст да го послушате срцето и инстинктите. Една работа се желбите, друга се можностите.

Сум паднал и сум станал 1.000 пати, но сега дојде време да ги закачам копачките на ѕид со мојата последен натпревар на Вембли и освоен трофеј. „Започнувам нов живот надвор од теренот, ќе останам во Комо, едноставно нема да ги користам костобраните и копачките. Наскоро ќе споделам повеќе детали“, соопшти меѓудрогот Варан во своето обраќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одложен натпреварот на Њукасл: Се отворила голема дупка на стадионот 🎥

Tимот на Вмблдон од Англија беше принуден да го одложи натпреварот од Лига купот против Њу…