Жефри Кондогбија минатото лето пристигна во Валенсија на позајмица од Интер, но денес „лилјаците“ го откупија неговиот договор.
Шпанскиот клуб денес потврди дека 25-годишниот Французин потпишал договор до 2022 година и во него ќе има откупна клаузула од 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во договорот помеѓу Интер и Валенсија, шпанскиот клуб имаше можност да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра, па се одлучи да ја искористи таа можност.
Кондогбија одигра одлична сезона на „Местаља“ и беше еден од најзаслужните што клубот избори учество во Лигата на шампиони.
✍ #Kondogbia2022 | ? @Geo_Kondogbia: “El @valenciacf es un club ambicioso y quiero formar parte de su historia”.
? Entrevista completa ➡ https://t.co/yxwcAZMNse pic.twitter.com/5NKtNYXNw5
— Valencia CF (@valenciacf) May 24, 2018