Дома Трансфер зона Официјално: Балотели се врати во Серија А

Официјално: Балотели се врати во Серија А

Повеќе нема никакви дилеми, познатиот италијански напаѓач, Марио Балотели се враќа во својата татковина и ќе го носи дресот на Џенова.

Балотели кој има 34 години неколку месеци беше без клуб чекајќи вистинска понуда и на крајот ја дочека. Последниот ангажман го имаше во турската Адана Демирспор за која одигра 16 натпревари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Договорот кој го потпиша со Џенова е со важност до јуни 2025 година, а ќе добива плата од 400.000 евра по сезона.

Низ кариерата Балотели покрај Адана играше за: Монца, Бреша, Милан и Интер во Италија, англиските Ливерпул и Манчестер Сити и во Франција во редовите на Ница и Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…