Арсенал денес потврди дека менаџерот Микел Артета ставил потпис на нов договор.
Шпанецот се обврза на верност со „топџиите“ до 2025 година, иако актуелниот договор му истекуваше во 2023 година.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Артета пристигна во Арсенал во декември 2019 година и после потешкотиите на почетокот сега тимот се бори за пласман во Лигата на шампиони.
Раководството и навивачите се задоволени од неговата работа, Артета гради млад тим кој ќе може да има одлични резултати во иднина, па му понуди нов договор.
The journey continues ✊
— Arsenal (@Arsenal) May 6, 2022
✍️ Mikel Arteta
✍️ Jonas Eidevall
Congratulations on your new deals! 🔴