Дома Трансфер зона Официјално: Адриен Рабио е нов играч на Јувентус!

Официјално: Адриен Рабио е нов играч на Јувентус!

После лекарските прегледи кои беа во текот на денот, Адриен Рабио потпиша договор со Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот играч на Пари Сен Жермен во Јувентус доаѓа како слободен играч. Иако во официјалната објава од тимот од Торино не е објавена должината на договорот познато е дека се работи за договор на четири години вреден седум милиони евра по сезона.

24 годишниот поранешен репрезентативец на Франција од 2013 година е во Париз и за овој клуб одигра 227 натпревари постигна 25 голови и забелжа 20 асистенции.
Рабио се поврзуваше со Барселона, но потоа Каталонците го обезбедија потписот на Френки Де Јонг од Ајакс.

Сега тој стана последниот слободен агент кој му се придружи на Јувентус, а „старата дама“ уште еднаш покажа дека е мајстор за вакви зделки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…