Интер и Тотенхем постигнале договор и сега се очекува само официјализирање на трансферот на данскиот фудбалер.
Најголемите медиуми во Италија и Англија потврдија дека договорот е постигнат, Интер на Тотенхем ќе му плати сума од 19 милиони евра за Ериксен кој со клубот од Милано ќе потпише договор до 2024 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Скај Италија“ открива и колку ќе заработува Ериксен во Интер. Во редовите на „нероаѕурите“ Ериксен ќе добива 380.000 евра неделно со што ќе стане најплатен играч на Интер. Алексис Санчез добива 450.000 евра, меѓутоа поголем дел од неговата плата исплаќа Манчестер Јунајтед.
За споредба Лукаку заработува 184.000 евра неделно, па потоа следи Де Фрај со 130.000 евра неделно.