Голем дел од навивачите на Јувентус не беа задоволни поради тоа што во вчерашниот натпревар против Џенова капитенската лента ја носеше Леонардо Бонучи.
Јасно е дека во прашање е фантастичен играч со огромно искуство, но после се што се случуваше во претходната година и поради самото заминување во Милан, навивачите се сомневаа во одлуката тој да биде капитен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иначе, во тој натпревар Јувентус ги испушти првите бодови и одигра 1:1, Роналдо беше стрелец на голот за „старата дама“, но овој пат изостана учинокот на другите напаѓачи.
31 годишниот Бонучи оваа година се врати во Јувентус откако една година помина во Милан, а вчера за прв пат од враќањето ја носеше капитенската лента, претходно капитен на Јувентус беше во мај 2017 година во натпреварот против Торино.
Како што дознава „Газета дело Спорт“, одлуката италијанскиот дефанзивец да ја носи капитенската лента била донесена од страна на целиот тим, со поддршка на Алегри и Недвед.
Споменатиот медиум смета дека од таборот на Јувентус на ваквиот начин сакале да испрат силна порака до навивачите да го простат заминувањето на Бонучи во Милан.