Поранешниот играч на Челзи и лондонски Арсенал минатата година потпиша за Коринтијас.
Во петокот Вилијан го напушти бразилскиот клуб откако екипата испадна во Копа Либертадорес од домашниот ривал Фламенго. Сега е откриено зошто Бразилецот се одлучил на таков потег.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вилијан бил под силен притисок од навивачите, добивал закани за него и неговото семејство и тоа тешко му паднало па се решил да замине.
„Вилијан бараше да го раскинеме договорот. Тажни сме што веќе го немаме, а исто така и затоа што не одеше како што очекувавме. Но, мормае да ги задржиме оние кои се среќни“, изјави претседателот на клубот Дулио Монтеиро Алвес.
Коринтијас изгуби на пет од последните девет натпревари, Вилијан играше во ревашот против Фламнего во средата кога екипата беше елиминирана во четвртфиналето.
„Кога и Коринтијас да изгубеше, а јас не играв добро моето семејство добиваше закани и навреди на социјалните мрежи. Сопругата и децата најчесто беа мети, а неодамна напаѓани беа мојот татко и мојата сестра“, изјави Вилијан за страницата „Глобо Еспорте“.